Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Апасиев прв побегна од интерпелацијата за Тошковски

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, остро реагираше на поднесената интерпелација против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, остро реагираше на поднесената интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, иницирана од партијата Левица. Таа ја обвини Левица за политички профитеризам и истакна дека нивниот претседател, Димитар Апасиев, прв ја напуштил дебатата за интерпелацијата.

– Бараат политичка одговорност без да се почека завршување на институционалната истрага. Бараат оставки за да спречат инспекциски надзор, внатрешни контроли и дисциплински постапки. Бараат правда да нема! Но, правда ќе има, тоа е сигурно! Нека почнат да го бараат Димче – него го нема, изјави Стаменкоска Трајкоска од собраниската говорница.

Реклама