Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Муцунски: Денот на дипломатијата е посветен на сите кои придонесуваат за Македонија на меѓународната сцена

На 29 април, во чест на Денот на македонската дипломатија, министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 29 април, во чест на Денот на македонската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати честитка преку социјалните мрежи.

Во својата објава, министерот потсети дека македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство, формирано во 1969 година, како прв институционален облик за водење на надворешната политика.

„Овој ден е посветен на дипломатите и сите вработени во Министерството за надворешни работи, чие професионално и посветено работење е клучно за унапредување на меѓународниот углед на нашата земја, за развој на билатералните и мултилатералните односи и за одржување на врските со македонската дијаспора“, напиша министерот Муцунски.

Реклама

Тој истакна дека Денот на македонската дипломатија нè потсетува на важноста на дипломатската мисија како мост меѓу народите, чувар на мирот и промотор на соработката, упатувајќи честитка до сите актуелни и поранешни дипломати и вработени во Министерството за нивниот значаен придонес.