Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

„Пратеникот Бојан Стојаноски: Интерпелацијата за Тошковски е доказ за глодарство и злоба на политички актери“

Пратеникот Бојан Стојаноски истакна дека имаме можност денес да дебатираме по поднесената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Бојан Стојаноски истакна дека имаме можност денес да дебатираме по поднесената интерпелација за министерот Панче Тошковски. Според него, неколку работи треба да бидат јасно и директно изречени, за да се растурат некои од претпоставките што се создаваат во јавноста, како и да се објасни целта на оваа интерпелација.

Тој нагласи дека постојат многу моменти на неискреност и многу зборови кои се користат во досегашните дискусии, како што се морал и одговорност. За жал, според него, во текот на последните десет години се гледа пример како треба да се постави државата по вакви трагедии, како што било во претходниот период, но исто така се забележува и одвратна малодушност и политичка калкулација која преминува во мизерни и нечовечки особини.

Пратеникот Стојаноски беше категоричен дека поднесената интерпелација ќе биде документиран доказ за „глодарство“ и „злоба“ од политички актери кои немаат друг интерес освен да профитираат политички.

Реклама

„Интерпелацијата ќе биде писмен доказ за глодарство, злоба и бескрупулозност од политички актери кои што немаат никакви други цели освен да се обидат да профитираат политички“, додаде Стојаноски.