Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

АНАЛИЗА НА ХИПОКРИЗИЈАТА: По 20 години кандидатски статус и десетици БЛОКАДИ, Македонија била „ТАЖНА ПРИКАЗНА“?!

Македонија – тажна приказна на Балканот. Така ја нарече еврокомесарката за проширување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија – тажна приказна на Балканот. Така ја нарече еврокомесарката за проширување Марта Кос. Но, заборави да каже зошто Македонија цели 20 години чека во „чекалната“ на Европската Унија. Заборави да спомне дека уште во 2009 година имавме јасна препорака од Европската комисија за отпочнување на преговори – кои цели деценија не се реализираа поради блокадата од Грција.

Од 2019 година, палката ја презеде Бугарија, протежирана од Франција и неколку други членки на ЕУ, која со години нè блокира со барања за ревизија на историјата, непризнавање на јазикот, нацијата, идентитетот. Со официјални декларации не ни ги признава дури ни историските личности. А за Кос, ние сме „тажна приказна“.

Не спомена ниту дека името на државата ни беше сменето – спротивно на волјата на народот – со ветување дека тоа ќе го отвори патот кон ЕУ. Ветување што не беше исполнето. Ако заборавиле, можат да го прашаат Заев.

Реклама

Никој не ги демантираше лажните почетоци на преговори – најмалку 100 пати прогласени од истите политичари уште од 2018-та, со фотографии во авиончиња, дигнати палци и насмевки. Сè остана на слики и изјави.

За вистинските виновници за „тажниот“ статус на Македонија – никој не зборува. А кога станавме кандидати, бевме десетпати поспремни од Бугарија, дваесетпати поподготвени од Романија.

Сега, важен е напредокот на Украина. Според Кос, ако Украина мораше да чека како Македонија, преговорите ќе ги започнеше дури во 2045 година. Иронично, Украина можеби ќе влезе во ЕУ до 2029 година – пред Македонија.

Македонија стана пример – но за чекање. Таа улога ја играше Турција, сега сме ние.

„Доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија. Во некои аспекти, регионот беше подобар пред 20 години отколку денес. Има неколку тажни приказни – Косово, Македонија, Босна и Херцеговина“, рече Кос.

Таа најавува затворање на поглавјата со Црна Гора до 2026 година, бидејќи – „нив никој не ги блокирал“. И Албанија, која исто така – „никој не ја блокирал“, може да ги заврши преговорите до 2027 година. Македонија, пак, останува на маргините, и покрај тоа што сите реформи и хармонизации ги заврши одамна.

За нас важат посебни критериуми – порано атински, денес софиски. Двојни стандарди, политички калкулации, билатерални уцени… Сè освен фер и праведен пристап.

Да, „тажна приказна“ е полн погодок. Но не за нас – туку за лицемерието на оние што ветуваа интеграција, но нè оставија на прагот.