Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

УЈП со реформски чекори: ЕК го поздрави Законот за Вториот столб и поддржа дигитализација

Претставници од Управата за јавни приходи учествуваа на 21. состанок на Поткомитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници од Управата за јавни приходи учествуваа на 21. состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување (ПТИЦО), каде што беше презентиран напредокот во областа на даночната политика, правната рамка и усогласувањето со европските директиви. Посебен акцент беше ставен на институционалниот развој, модернизацијата на ИТ системите и јакнењето на административниот капацитет на УЈП, се наведува во соопштението на Управата.

„Европската комисија го поздрави донесувањето на Законот за имплементација на Вториот столб – значаен чекор во борбата против избегнување на данок од страна на мултинационалните компании“, се вели во соопштението.

Дополнително, Европската комисија изразила поддршка за вклучување на Северна Македонија во европски и меѓународни програми за обука, со цел унапредување на стручноста на домашните даночни експерти.

Реклама

Во однос на размената на информации, беше позитивно оценето тековното ниво на соработка, но беше нагласена потребата за побрзо воведување на автоматска размена на информации како ефикасна алатка во борбата против даночната евазија и перењето пари.

Како клучен предизвик и приоритет за наредниот период, беше посочена потребата од дополнително кадровско зајакнување и инвестиции во ИТ инфраструктурата, со цел поефикасна имплементација на даночното законодавство и дигитализација на услугите.

УЈП истакнува дека останува цврсто посветена на процесот на европска интеграција преку спроведување на реформите, унапредување на даночните практики и зајакнување на институционалниот капацитет, со крајна цел – воспоставување на праведен, модерен и европски усогласен даночен систем.