Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Лазаревска: Социјални станови се градат низ целата држава, а во Куманово ќе се градат три објекти за комерцијална продажба

Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Куманово, Ивана Лазаревска,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Куманово, Ивана Лазаревска, која е раководител во АД за стопанисување со станбен и деловен простор во вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува – УЖ“, говореше за напредокот на проектот Ф/П1674 за домување на социјално ранливи групи, како и за плановите за изградба на комерцијални објекти во Куманово.

-Акционерското друштво заедно со претставници на Владата, на почетокот на месец февруари додели клучеви за социјални станови во Велес и Кочани. Во наредниот период, станбени единици од ваков тип ќе бидат распределени и во Дебар, а во моментов се градат и во скопските општини Бутел и Сарај. Се гради и во општина Прилеп, а во тек е јавна набавка за избор на изведувач во Штип, изјави Лазаревска.

Таа додаде дека со овие активности се финализира проектот ФП1674, кој опфаќа изградба на 32 станбени згради во 25 градови низ територијата на Република Македонија.

Реклама

Во рамки на Годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбените простори во сопственост на државата, Лазаревска најави изградба на три објекти токму во Куманово.

-Во рамките на самото друштво имаме отворена комуникација со Европската банка за обнова и развој во однос на финализирање на целиот процес. Отвораме можност за продолжување на соработката преку склучување на нов Рамковен договор за заем, со што ќе создадеме формално-правни услови за интензивирање на активностите за проектирање и реализација на нов, ваков сличен проект, заклучи Лазаревска.