Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Економски напредок, борба против криминал и висока доверба од граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека во текот на изборната кампања, партијата се посветила на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека во текот на изборната кампања, партијата се посветила на економијата, борбата против организираниот криминал и корупција, реформата во правосудството и враќањето на достоинството на народот.

„Граѓаните ја препознаа сериозноста и посветеноста на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и ги поддржаа за да ја преземат одговорноста за водење на државата. И покрај економската катастрофа што ја наследивме, за само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ веќе покажува конкретни резултати и ги исполнува очекувањата на граѓаните“, се вели во соопштението.

Партијата додава дека по запирањето на слободниот пад на економијата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега посветено работи на создавање услови за економски раст и развој. Власта вложува напори за подобрување на економската состојба и за постигнување просперитет за сите граѓани.

Реклама

„Резултатите од овие политики се веќе видливи и се признати од граѓаните. Тие ја поддржуваат борбата против криминалот и корупцијата, која се смета за интензивна и континуирана, што се потврдува со бројните полициски акции за разбивање на организиран криминал“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштението продолжува со напомена дека според последното истражување на агенцијата Маркет Вижн, спроведено на примерок од 1.200 испитаници, повеќе од 60% од анкетираните сметаат дека борбата против криминалот е интензивна и континуирана. Додека две третини од испитаниците веруваат дека институциите успешно се справуваат со последиците од трагедијата во Кочани.

„Граѓаните исто така ја поддржуваат економската мерка за замрзнување на маржите на одредени производи, која има за цел зачувување на животниот стандард“, стои во соопштението.

Партијата исто така нагласува дека ова доведе до висок степен на доверба од страна на граѓаните. Според најновата анкета, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски уживаат огромна поддршка од јавноста. 25,4% од испитаниците му веруваат на Мицкоски, додека Венко Филипче ужива доверба од само 3,8%.

„На следните избори, 51,7% од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, што претставува водство од 5:1 во споредба со СДС“, се додава во соопштението.

Партијата исто така нагласува дека високиот процент на граѓани кои изразуваат подготвеност да учествуваат на избори (64,4%) е уште еден показател за успешноста на владините мерки и активностите во интерес на државата и граѓаните.