Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Дали Филипче, кој е воодушевен од Заев, сака власт за да ја имплементира неговата разработена шема – евро за Вицето?

Венко Филипче отворено призна дека до милиметар ги следи политиките на неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче отворено призна дека до милиметар ги следи политиките на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче, исто така, тврди дека нема друг како Заев, треба да се искористи неговото искуство и дека од неговите методи народот треба да учи.

Еден од методите на функционирање и работење во периодот на владеење на Зоран Заев, беше методот евро за Вицето. Тоа беше начин на кој Заев ги рекетирал граѓаните додека го водеше градот Струмица.

Реклама

Немаше инвестиција да помине во градот, а Заев да не побара евро за брат му, Вицето.

Цела јавност го слушна Заев како вели дека сите во Струмица на кои им легализирал објекти, плаќале по истата шема – евро за Вицето. Ова ли е искуството и методот на работа на Заев, на кој Филипче се воодушевува?

Дали Филипче учи од Заев кој ја ограби Македонија и кој после си донесе измени на Кривичниот законик со цел да не одговара за ништо?

Учи ли Венко Филипче од неговиот ментор и учител, Заев, како да рекетира?

Следствено на ова, се покренува прашањето се бори ли Филипче за власт, за да може да го имплементира методот на неговиот претходник и учител Заев, евро за Вицето?

Но, од друга страна, добро е што Филипче јавно и јасно им стави до знаење на граѓаните, за никој да нема дилема дека тој е ученик и послушник на Заев, кого го интересира само да се дограби до власт за да ги применува неговите методи и добро разработени рекетарски шеми, со кои ја ограби и опустоши Македонија, се вели во соопштението на партијата.