Реклама
Економија

„Николоски: Бугарија не сака да ја гради пругата на Коридор 8, Македонија е единствена која работи на проектот“

Вицепремиерот Александар Николоски изрази став дека Македонија има цврсти амбиции за завршување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот Александар Николоски изрази став дека Македонија има цврсти амбиции за завршување на пругата на Коридорот 8, но потенцираше дека Бугарија не ја поддржува изградбата на оваа важна железничка инфраструктура.

Според него, македонската страна веќе испратила над 15 дописи до бугарската влада, но не добила никаков одговор. Николоски истакна дека Бугарија покажала несериозност, не само што избегава средби, туку и ја откажа реконструкцијата на пругата Софија-Перник.

„Решението е едноставно: ако Бугарија сака да гради, тогаш пругата ќе се изгради. Но, во моментов, реалноста е дека тие не се подготвени да го направат тоа. Ние сме единствените кои што работат на изградбата на железничката инфраструктура на Коридорот 8, додека Бугарија и Албанија не покажуваат никаква активност“, рече Николоски.

Реклама

Тој додаде дека за Македонија не е потребна пруга до Крива Паланка, бидејќи со новиот експресен пат кој е во добра кондиција, брзо се стига до Скопје. Наместо тоа, Македонија има потреба од пруга која ќе ја поврзе со Софија и Црното Море, но за жал, таа моментално не постои.