Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Пациентите повредени во пожарот во Кочани ќе бидат отпуштени по шест недели лекување во Пловдив

По шест недели интензивно лекување, вклучувајќи сложени хируршки интервенции, рехабилитација и психолошка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По шест недели интензивно лекување, вклучувајќи сложени хируршки интервенции, рехабилитација и психолошка поддршка, двајца пациенти кои беа хоспитализирани во Универзитетската болница „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив ќе бидат пуштени дома.

Пациентите беа меѓу најтешко повредените во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани. За време на посетата на болницата, бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов им оддаде признание на медицинските тимови за нивниот висок професионализам и посветеност.

„Благодарен сум на сите колеги за навремената и стручна медицинска помош. Знаеме дека клучот кон закрепнување е и во силната волја на пациентите. Среќен сум што овие двајца мажи покажаа исклучителна сила и желба за живот“, изјави Кирилов.

Реклама

Од Министерството за здравство на Бугарија информираат дека вкупно 15 лица беа префрлени на лекување во болниците во Софија, Пловдив и Варна по несреќата. Четворица пациенти сè уште остануваат на болничко лекување под надзор на лекарите, додека останатите се успешно отпуштени.