Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

“Нови авиолинии од Скопје: Летови за Лион и Барселона стартуваат во мај”

Денес, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и Андраш Радо, раководител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз Ер“, ќе одржат прес-конференција за новите авиолинии кои ќе бидат воведени од Меѓународниот аеродром Скопје. Тие ќе информираат за новата релација Скопје – Лион, како и за повторното воведување на летот за Барселона, кој ќе стартува на 3 мај.

Според најавите, летовите за Барселона ќе бидат двапати неделно (секој вторник и сабота), додека за Лион три пати неделно (вторник, четврток и сабота). Овие авиолинии ќе се реализираат со субвенции од Владата на Република Северна Македонија.

Покрај тоа, од 29 септември 2025 година, „Виз Ер“ ќе ја воведе и авиолинијата Скопје – Штутгарт, која ќе опслужува летови три пати неделно (понеделник, среда и петок). Од март оваа година се реализира и линијата Охрид – Истанбул.

Реклама

Според последните најави, ќе се повтори летот на релацијата Скопје – Дубаи, кој беше одложен за наесен по барање на „Флајдубаи“.

Премиерот Христијан Мицкоски спомена дека се водат преговори за нова авиолинија која ќе го поврзе Абу Даби со Охрид, а вицепремиерот Александар Николоски потврди дека се разгледуваат можности за воведување на авиолинија Скопје – Прага.