Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Анкета: Надлежните институции ефикасно се справуваат со последиците од пожарот во кочанската дискотека

Две третини од населението смета дека надлежните ефикасно се справиле со последиците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две третини од населението смета дека надлежните ефикасно се справиле со последиците од трагедијата во Кочани, додека 35,3 отсто од нив велат дека власта потфрлила  – ова го покажа најновата анкета на јавното мислење спроведена од маркетинг агенцијата Маркет Вижн за потребите на интернет порталот мкд.мк.

Повеќе од 70% од анкетираните сметаат дека здравствените власти ефикасно изменаџирале со големиот број на повредени во пожарот во Кочани. Процентот на незадоволни граѓани од здравствените власти е 21,8%.

Во однос на истрагата од страна на МВР и на обвинителството во поглед на утврдување на одговорноста за трагедијата, повеќе од половина граѓани мислат дека надлежните биле на висина на задачата. Една третина од населението не е задоволно од брзината и ефикасноста со која се спроведува истрагата.

Реклама

Најголем дел од испитаниците изјавиле дека забележуваат активности во борбата против организираниот криминал. 27,6% сметаат дека треба поинтензивно да се работи, 24% дека тие се на незадоволително ниво, додека 10,8% велат дека борбата е интензивна и континуирана.

На прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, над половина од испитаниците сметат дека треба да се смени Судскиот совет, а нешто помалку или 45,7% сметаат дека треба да се смени јавниот обвинител. Негативен одговор на ова прашање дале околу 20 отсто од испитаниците.

Во анкетата имало и прашања за актуелните мерки за ограничување на маржите на дел од производите. Две третини од испитаниците ја поддржуваат мерката, а над 40 отсто смеета дека производите кои се дел од кошничката се добро одбрани. Сепак, речиси 40% од анкетираните сметаат дека треба да се замрзнат цените на сите производи, не само на дел од нив. 17,8% пак сметаат дека цените треба прво да се намалат, па да се замрзнат. 

Над 40% од луѓето вклучени во анкетата, мислат дека високите цени во најголема мера се должат на превисоките маржи на трговците. Четвртина од населението смета дека високите цени се последица на глобалниот раст на цените на енергенсите и инпутите, а една четвртина сметаат дека производителите и увозниците ги зголемуваат цените.

Истражувањето било спроведено од 20 март до 17 април преку телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници.

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.