Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Деловните простории на Левица во центарот на Скопје купени по багателна цена, не биле подрум, туку високо приземје со отворен локал

Апасиев и Левица се откриени и демаскирани. Нивното глумење скромност, возењето велосипед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апасиев и Левица се откриени и демаскирани. Нивното глумење скромност, возењето велосипед на работа и левичарскиот активизам се само параван за нивните сомнителни зделки, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Левица и Димитар Апасиев не се грижат за граѓаните и државата, туку се заинтересирани само како да дојдат до деловни простории по багателна цена, на атрактивни локации во центарот на Скопје.

За да ја остварат оваа цел, не бираат со кого ќе соработуваат. Па така, Апасиев, преку партијата Левица во соработка со извршителите, купил деловни простории од над 400 м² по цена која е три пати пониска од пазарната.

Реклама

Извршителите, кои Апасиев ги критикуваше и бараше нивно укинување, сега станаа негови соработници кои му овозможија да дојде до евтини и атрактивни деловни објекти.

Иако Апасиев и Левица тврдеа дека купениот имот бил толку евтин поради тоа што бил подрум, вистината е сосема поинаква.

Деловниот простор, кој не бил само подрум, туку и објект со високо приземје, се наоѓа во сопственост на Зоран Ивановски, член на претседателството на Левица и член на Управниот одбор на Водовод-Скопје.

На истата адреса, каде што се наоѓа овој деловен објект, е регистриран и локалот за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје.

Таму завршува и глумата на скромност и револуционерно дејствување на Апасиев и Левица. И додека глумат борци за работнички права, тие се интересираат само како преку ноќ, на сметка на нивните членови, да дојдат до деловни простории, скапи автомобили, луксузни одмори и џипови.

Апасиев ги изневерил членовите и симпатизерите на Левица. Продал лажни демагогии и гол популизам, за да ужива во привилегии, луксузен живот и добивки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.