Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Анкета: Граѓаните сè уште не веруваат дека СДСМ се исчистил од криминал

Според најновата анкета на МКД.мк, граѓаните на Македонија не им веруваат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според најновата анкета на МКД.мк, граѓаните на Македонија не им веруваат на тврдењата на СДСМ за борба против криминалот. Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека партијата не успеала да се ослободи од лица вмешани во коруптивни и криминални скандали.

Имено, 52,7% од анкетираните се убедени дека СДСМ сè уште не се исчистил од поранешните проблематични кадри. Само околу 11% — најчесто активни членови на партијата — веруваат дека процесот на прочистување е успешен.

Анкетата беше спроведена во периодот од 20 март до 17 април 2025 година, користејќи телефонско интервјуирање со компјутерска поддршка (CATI метод). Опфатен беше репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, со статистичка грешка од ±3% и ниво на доверба од 95%.

Реклама

Примерокот ги отсликува основните демографски карактеристики на македонското население според податоците од Пописот во 2021 година — вклучувајќи регионална припадност, пол, возраст и етничка структура.