Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Перински: Подготвени сме за дела, а не само зборови

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска изјави дека е време да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска изјави дека е време да се покаже вистинска подготвеност за суштински промени, преку конкретни дела, а не само декларативно.

„Денеска се одржа Советодавниот одбор за проектот Заедници за интегритет, кој се спроведува од Националниот демократски институт со финансиска поддршка од амбасадите на Швајцарија и Шведска. Преку овој проект, заеднички ќе делуваме во борбата против корупцијата,“ изјави Перински.

Тој нагласи дека, иако предизвикот е голем, постои силна волја за промени:

Реклама

„Свесни сме за тежината на задачата, но уште поважно – подготвени сме активно да работиме на создавање поотчетни локални институции и зголемување на довербата меѓу граѓаните и институциите.“

Како член на Советодавниот одбор, Перински истакна дека е целосно посветен на поддршка на проектот:

„Стојам на располагање за сите активности поврзани со овој проект. Ќе обезбедам поддршка таму каде што е најпотребно – било преку координација, било преку директен дијалог со локалните самоуправи,“ објави тој на својот профил на Фејсбук.