Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за проекти вредни 5 до 6 милијарди евра

Владата преговара за инвестиции во вредност од 5 до 6 милијарди евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата преговара за инвестиции во вредност од 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски.

“Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација. И сега ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што” нагласи премиерот Мицкоски.

Мицкоски ја потенцира важноста на овие инвестиции кои изнесуваат од 35 до 40 проценти од македонскиот БДП. Помеѓу половина милијарда и една милијарда се средства кои што ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионални и експресни патишта.

Реклама

„Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот“, додаде тој.

Дел од проектите се оние во здравствениот сектор: Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево и реконструкција на Клиничката болница Тетово. Инвестицијата, пак во брзата пруга долж Коридорот 10 кадешто возовите треба да се движат со 160 километри на час ќе чини 2,5 милијарди евра.

Премиерот Мицкоски истакна дека по основ на овие проекти ќе се зголеми БДП, а ќе се намали јавниот долг, бидејќи се работи за капитални инвестиции кои ќе ја покренат градежната оператива и за три до четири пати ќе има обрт на финансиите.

Поради чуствителната фаза во која се наоѓаат преговорите премиерот засега не окрива детали за инвеститорите, но по посетата на Обединетите Арапски Емирати изјави дека очекува само оттаму вложувања меѓу две – три милијарда евра. Се разговарало за проекти во Охрид, ски центарот Попова Шапка, изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште и нови соларни и ветерни централи.