Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Николоски во Лондон: Се потврдува стратешкото партнерство, економијата и инвестициите приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој овие два дена е…

Сподели:

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој овие два дена е во посета на Обединетото Кралство, има значајни средби на кои се разговара за продлабочување на односите, зголемување на трговската размена и инвестициите, пред се во делот на инфраструктурата.

Тој синоќа оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно-кредитната агенција на Обединетото Кралство, со кого разговарале за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции.

Николоски ги истакнал плановите на Владата за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на патната и железничката мрежа.

Реклама

Работните средби на вицепремиерот Николоски продолжуваат и денеска во Лондон, каде е планирано да се реализираат одвоени средби со Стивен Даути, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен Пирс, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Николоски вчера имаше средба и со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство. Двајцата се согласиле дека постојат добри потенцијали за продлабочување на односите. Николоски очекува извозот кон Велика Британија, како наш втор трговски партнер, да расте и од постојните две и пол да надмине извоз во вредност од три милијарди евра.