Реклама
Македонија

Мицкоски: За лекување или правда граѓаните мора да потплатат, таква држава не може да напредува

Држава во која граѓаните треба да платат за некоја услуга не може…

Сподели:

Држава во која граѓаните треба да платат за некоја услуга не може да напредува. Ова на дебата за реформската агенда во владата го истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Судовите и обвинителството, како што рече, се под политичко влијание и под контрола на политички центри. И секој народ, посочи тој, има моменти кога мора да избере: ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од длабоки и храбри промени, а Македонија е токму во еден таков момент.