
Во рамки на денешната седница на Собраниските комисии за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, се одржа дебата за придобивките од реформската агенда 2024-2027. Целта на дебатата беше да се презентираат и да се дискутираат придобивките од реформската агенда, со фокус на можностите за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и зајакнување на клучните институции.
