Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

ВРЕДИ формира партија со 23 претставници во заедничкото претседателство

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово, денеска изјави дека коалицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово, денеска изјави дека коалицијата Вреди е во последна фаза на трансформација во нова политичка партија, а веќе оваа недела ќе бидат именувани 23 претставници кои ќе го сочинуваат заедничкото претседателство.

„За да функционираме како една единица, треба да формираме заеднички орган кој ќе носи одлуки, како и статутарна комисија која ќе ги утврди сите важни прашања – како се избира претседателот, кои ќе бидат раководните структури, и ќе има механизми за контрола и балансирање“ – истакна Касами.

Тој појасни дека првата и најзначајна одлука веќе е донесена – да се формира заедничко претседателство, кое ќе го води процесот кон целосно спојување на коалицијата.

Реклама

„Според закон, целиот процес ќе заврши со одржување на заеднички конгрес и формално регистрирање во Централниот регистар“ – додаде тој по одржаниот општински настан на плоштадот во Тетово.

Касами нагласи дека коалицијата добила 107.000 гласови на последните избори, што ја претставува основата за легитимитетот на коалицијата и учеството во идната влада. Во исто време, го критикуваше ДУИ.

„Ние како коалиција добивме 107.000 гласови, кои дојдоа од коалицијата на албански политички партии. Се знае дека останатите коалиции беа мултиетнички, а коалицијата на ДУИ не може да се повикува на застапување на правата на Албанците во државата. Сметаме дека овие 107.000 гласови се нашата основа за да ги претставуваме Албанците и другите граѓани во идната влада. Било кој што ќе се отцепи од оваа коалиција, нема да ја има поддршката на овие 107.000 гласови. Тие гласови се нашиот легитимитет за да ги претставуваме Албанците и сите граѓани во Владата“ – заклучи Касами.