Реклама
Македонија

Сообраќајна несреќа кај Зелениково: Воз удри во автомобил, едно лице повредено

Попладнево на железничкиот премин кај Зелениково дошло до судир меѓу воз и…

Сподели:

Попладнево на железничкиот премин кај Зелениково дошло до судир меѓу воз и патничко возило.

На местото на несреќата интервенираше екипа од Итната медицинска помош – Скопје, а информацијата за МИА ја потврди шефот на смена во Брза помош, доктор Драган Панов.

Според првичните информации, едно лице е повредено, но засега нема повеќе детали за околностите под кои се случил судирот.

Реклама

Надлежните органи се на терен и се очекуваат повеќе информации по завршувањето на увидот.