Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Тошковски: СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона, а бројот на патници на охридскиот аеродром се зголемил за 20%

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска беше во работна посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Полициската станица за граничен премин „Св. Апостол Павле“, која се наоѓа на Аеродромот во Охрид.

Од посетата беше утврдено зголемување на бројот на патници на овој граничен премин, како и на сите други гранични премини во рамките на Регионалниот центар – Запад.

„Во споредба со истиот период минатата година, оваа година имаме за околу 20% повеќе патници на граничниот премин на Аеродромот и за околу 30% на граничниот премин „Блато“ кај Дебар. Се фокусираме на подобрување на техничките услови и зголемување на човечките капацитети за да можеме соодветно да одговориме на зголемениот број патници во овој период. Добро е што имаме зголемена размена на туристи и сакаме тој број да продолжи да расте, за што повеќе туристи да ги видат убавините на Охрид и Македонија“, изјави министерот Тошковски.

Реклама

Министерот додаде дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите неопходни мерки за да се обезбеди безбедноста на туристите и да можат тие да уживаат во својот одмор, како во рамките на СВР Охрид, така и на територијата на целата држава.