Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Петровец прераснува во модерна урбана општина

Петровец прераснува во модерна урбана општина.Се гради нова сообраќајница кон индустриската зона,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петровец прераснува во модерна урбана општина.Се гради нова сообраќајница кон индустриската зона, се реконструираат локалните улици, се поставува лед улично осветлување, се градат пешачко-велосипедски патеки, никнуваат нови зелени површини и спортски сали, игралишта, а се градат и  модерни живеалишта. Она што е од особена важност за општината е изградбата на нови погони во индустриските зони, кои нудат примамливи плати за граѓаните. Визијата на градоначалникот е од Петровец и Ржаничино да се создадат мали, урбани места.

„Најголемата мултифункционална зона Чојлија целосно е продадена од Општина петровец и таму може да се каже дека е огромно градилиште. Во моментов се градат девет хали на фирми, кои ќе имаат голем број на вработувања. Наредниот период сакам да го сменам ликот на општина Петровец. Веќе Петровец и населеното место Ржаничано не личат на селски населби, туку на урбани средини“, изјави градоначалникот на Петровец, Борче Ристески.

Близу основното училиште „Кочо Рацин“ почнува изградба на нова детска градинка со средства од унгарски кредит, со што ќе се реши долгогодишниот проблем со недостиг на капацитети. Изградени се шест нови станбени згради, а во тек е изградбата на уште три.  Поради поволните услови, значително пониските цени на станови и комуналии, расте интересот за живеење во општината.

Реклама

Огромен е интересот на луѓе кои сакаат да купат станови кои сакаат да купат парцели за градење на куќи. Ние работиме нон стоп да обезбедиме такви површини и имаме такви површини. Станот во Скопје да го купиш е повеќе од 2500 евра за квадрат, за разлика од Петровец каде е 1000, до 1100 евра квадрат. Комуналиите се 50 евра за изградба на зграда, во Скопје се енормно поголеми, затоа и становите во Петровец се поевтини“, изјави градоначалникот на Петровец, Борче Ристески.

Со истите средства од унгарскиот кредит, општината аплицира и за изградба на нов културен дом, патишта во должина од 6.500 метри и канализација во село Огњанци.