Реклама
Македонија

Велики петок – Најтешкиот ден во годината, денот на христовите страдања

Велики петок – најтешкиот ден во годината за христијанската вера. Овој ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велики петок – најтешкиот ден во годината за христијанската вера. Овој ден и најзначајниот во страдалната седмица за христијаните затоа што на овој ден бил распнат Исус Христос на крст. Во православните цркви на Велики петок не се служат литургии, туку царски часови со читање делови од евангелијата поврзани со настаните на деновите на страдањето.

Утринава во црквата Св. Петка во Скопје богослужеше Г.Г Стефан, по што како што налагаат традициите и црковните правила во храмот беше изнесена Светата Плаштеница која го симболизира Христовиот гроб. Обичајот е граѓаните да се поклонот па да поминат под неа

За Велики петок се предвидува строг пост со вода, а многу верници на овој ден ниту пијат, ниту јадат до зајдисонце. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи.  Граѓаните кои постеле за време на велигденскиот пост се подготвуваат за да ја примат светата причест.

Реклама

Верниците велат дека ова е голем празник. Се подготвуваат за во недела да ја прослават среќната вест, Христовото воскресение

Според апостолското предание, Исус Христос починал распнат на крст во „шестиот час од денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила. Сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Од тогаш, на Велики петок,  бијат дрвени клепала, а камбаните не ѕвонат сè до недела кога првпат се огласува радоста на христовото воскресение.