Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Димитриевска-Кочовска пред германските инвеститори во земјава – Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализација на инвестициските планови

Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна политика која се заснова на рамен…

Сподели:

Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна политика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализација на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја прати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје.

„Политиките коишто ги спроведуваме се насочени кон одржување на макроекономската стабилност. Нашите приоритети се дефинирани со Буџетот и со Фискалната стратегија и тие се однесуваат меѓу другото на обновување на довербата во институциите, преку зајакнување на безбедноста, ефикасна борба против корупцијата и криминалот, независност на правосудството и обезбедување на владеење на правото. Економско заживување на земјата, преку унапредување на енергетската транзиција, поттикнување силен циклус на економски раст, стабилни јавни финансии, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого. Сеопфатно подобрување на квалитетот, инфраструктурата и достапноста во образованието, создавање општество базирано на знаење и успешно справување со современи предизвици, како и градење професионална и ефикасна јавна администрација, развој на дигиталната економија, ИКТ секторот, вештачката интелигенција, иновациите и стартап екосистемот“ рече министерката.

Таа додаде дека напорите што ги вложува Владата се препознаени од странските инвеститори и во минатата година се реализирани рекордни 1,255 милијарди евра. Димитриеска-Кочоска посочи дека ваквиот тренд очекува да продолжи и во наредниот период и дека најдобрата порака што еден иден инвеститор може да ја добие за инвестирање во една земја е пораката од инвеститорот кој веќе инвестирал.

Реклама

Потенцира дека врвен приоритет на Владата е економијата и остварувањето повисоки стапки на економски раст и дека Германија има особено значење за нашата економија, како најзначаен трговски партнер, но преку реализираните странски директни инвестиции кои минатата година достигнаа над 200 милиони евра.

Пред германските компании порача дека Владата има идентичен пристап кон сите компании и дека гради партнерски однос и со домашните и со странските компании преку постојана комуникација со бизнис заедницата и разменување мислења и искуства во однос на креирање политики коишто ќе бидат од интерес на двете страни.