Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Андоновски оцени дека постапките во судот се необични и несоодветни, и додаде дека е позитивно тоа што јавноста покажува интерес за отчетност од страна на Судскиот совет

Правдата како никогаш да не е достижна. Бизарно е ова што го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правдата како никогаш да не е достижна. Бизарно е ова што го прават во судот и Судскиот совет, овие луѓе не ја заслужуваат судската функција, не заслужуваат да бидат на врвот на пирамидата во Правосудниот систем, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

„Како да го пробиваме дното со секоја одлука на судите, па и на судскиот совет, па и на процедурите внатре во повисоките судови, дури добри одлуки на првостепениот Суд, потоа се провлечкуваат во Апелација, па се менуваат или се враќаат на повторно одлучување, па тоа трае со месеци, години… Правдата како никогаш да не е достижна,“ рече Андоновски.

„Драго ми е што граѓаните бараат одговорност од судот и Судскиот совет, можеби тоа е единствениот начин да се изврши притисок врз луѓе кои што не ја заслужуваат судската функција“ вели министерот Андоновски.

Реклама

„Бизарно е ова што го прават во судот, а драго ми е што граѓаните бараат одговорност од судот и Судскиот совет, коментарите се брутални па и такви треба да бидат. Се организираат, маршеви, протести, се искажува револт од страна на граѓаните. Можеби тоа е единствениот начин да се изврши притисок врз луѓе кои што не ја заслужуваат судската функција, не ја заслужуваат да бидат на врвот на пирамидата во Правосудниот систем,“ смета Андоновски.