Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Семејството на Теодора очекува реакција од Судскиот совет

Семејството за загинатата Теодора Ристовска очекува и се надева дека Судскиот совет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејството за загинатата Теодора Ристовска очекува и се надева дека Судскиот совет адекватно ќе постапи во врска со, како што велат, скандалозната и срамна одлука на тетовскиот судија Елведин Ферати кој во понеделникот го осуди обвинетиот Менсур Пајазити на две години затвор за сообраќајката пред речиси три години во која смртно ја прегази 22-годишната Теодора од Тетово. Ова, меѓу другото, стои во отвореното писмо напишано од членовите на семејството на загинатата Теодора.

„Имаме сомнеж како семејство дека зад оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. И натаму силно ќе се бориме за правда за Теодора. Истотака, јавно сакаме да прашаме зошто иницијативи како ‘Кој е следен’ немаат покажано никаков интерес за нашиот случај, а наводно се борат против трулиот и корумпиран систем. Ги немаше ниту на последното рочиште кога се изрече скандалозната одлука од само две години затвор за убиецот на Теодора. Сметаме дека е доста од лажни иницијативи со скриени агенди каде жртвите се само средство за постигнување на туѓи цели“, се наведува во отвореното писмо.

Семејството на Теодора изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, кој го повика Судскиот совет да го испита работењето на тетовскиот судија што на обвинетиот му досуди две години затвор за смртта на Теодора.