Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Ноќните клубови во Скопје под клуч, дури и двата кои имаат лиценци

Катанец на врата. Ниту една дискотека во Скопје не работи. Ноќниот живот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Катанец на врата. Ниту една дискотека во Скопје не работи. Ноќниот живот целосно згасна по трагедијата во Кочани. ТВ Алфа направи обиколка на повеќе локации, а сликата секаде беше иста – затворени врати и по некое светло кое ѕирка од внатре. Пјур, Маракана, Привилиџ, Мусандра се дел од местата кои се затворени што е и очекувано зашто по пожарот во Пулс се испостави дека воопшто и немале лиценци.

Но, дури и оние со дозвола не работат. Станица 26 и 12, 12 се единствените кои на територијата на главниот град ги имале сите потребни документи – ги добиле на 29.01.2025 и важат до 29.01.2026. Датумите се исти поради тоа што газдата на двата клуба е ист. Вели дека било несоодветно време да се работи во услови на национална тага.

„Клубовите „Станица 26“ и „12:12“ се секогаш отворени за соработка со државните институции во поглед на сите неопходни прашања поврзани со функционирањето. Дополнуваме дека дополнително ќе одлучиме кога ќе отвориме за јавноста, но секако не пред да поминат 40 дена од трагедијата која ја потресе државата“ велат од „Станица 26“ и „12:12“

Реклама

Останатите клубови и кабареа дефинитивно ќе останат затворени додека не ги добијат соодвените лиценци.

По длабинските проверки што беа направени се утврди дека на ниво на целата држава само 23 клубови имаат валидини документи. Се прават и дополнителни контроли дали ги исполнуваат и потребните технички услови.

И пред ова, Скопје не можеше да се пофали со кој знае каков ноќен живот. Некои претходни генерации паметат дека метрополата некогаш важеше за најзабавен град во регионот, но сега заостанува зад сите други.

Во отсуство на дискотеки и клубови единствени места за забава кои остануваат се кафулињата и кафеаните кои работат само до 1 часот по полноќ, но за жал и казината кои работат неограничено, а ги има речиси во секое маало.

Давид Крстевски