Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

„Летечкиот Македонец“ Иџе тргнува на освојување на Европа

Игор Стефановски Иџе започнува нова сезона во Франција. Потрагата по четртата титула…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Игор Стефановски Иџе започнува нова сезона во Франција. Потрагата по четртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Овој викенд, Игор Стефановски Иџе го започнува новото поглавје на својата кариера во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), со цел да ја освои четвртата титула.

Реклама

Летечкиот Македонец, Иџе, пред себе има нов предизвик, трката во Франција на патеката Сан Жар Ду Гард. Токму таму ќе го започне својот најнов поход во шампионатот кој вклучува 11 трки оваа сезона. Првата трка ќе се одржи на 12 април 2024 година, а сезоната ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Овој пат, Иџе ќе се натпреварува со својот легендарен Ферари 488 B8, автомобил дизајниран специјално за ридските патеки. Минатата година, Стефановски се закити со титулата победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во група 1, и оваа сезона не ги крие своите амбиции да ја одбрани титулата.

„Со голема возбуда, сакам да најавам дека очекувам успешна трка. Целта ми е да постигнеме одлични резултати и во оваа сезона. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори и сите кои не поддржуваат“, вели Иџе.

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе минатата година го заврши Европскиот шампионат како победник во својата група. Со своето Ферари 488 Челинџ Ево, тој го освои лидерското место, пред Чехот Рони Братшчи, кој беше втор, додека третото место му припадна на Хрватот Домагој Перековиќ.

„Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и оваа година силно верува во него. Горд сме што повеќе од една деценија заедно ја следиме и поддржуваме Иџе и Македонија“, велат тие.