Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Средба со млади Роми во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во пресрет на 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, во кабинетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа дебата на тема „Предизвиците со интеграцијата на Ромите низ призмата на младите“. Учесници во дебатата беа ученици и студенти, припадници на ромската заедница. Честитајќи им го Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Сиљановска-Давкова им порача на младите Роми да бидат горди на својата етничка припадност, со оглед на докажаната креативност, скромност, способност и адаптибилност што ги прави посебни. На дебатата беа истакнати многу предизвици, како проблемот со изучувањето на ромскиот јазик како мајчин јазик и како уставно загарантирано право. Претседателката изрази став дека формирањето на катедра за ромски јазик ќе придонесе за создавање педагошки кадар за ромскиот јазик. Беше нагласена и потребата од основање Ромски културен дом, културно-уметнички и спортски друштва, како и библиотека. Младите Роми посочија на низок квалитет на здравствените услуги што ги добиваат Ромите, со оглед на постојаниот недостаток на медицински кадар во Шуто Оризари.