Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче не може да преземе одговорност за решавање на спорот со Бугарија, бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема

Филипче не може да преземе одговорност за решавање на спорот со Бугарија,…

Сподели:

Филипче не може да преземе одговорност за решавање на спорот со Бугарија, бидејќи таква одговорност не добил од народот, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со обраќањето на Филипче во Брисел, во кое ја обвинува владата за наводно „самонаметнато вето“ и „откажување од европските интеграции“. ВМРО-ДПМНЕ смета дека јавноста заслужува одговор, кој се темели на факти, вистински вредности и државничка одговорност. Прво, апсурдно е токму СДСМ, партијата која капитулираше пред секој услов, која со бришење на македонскиот јазик од институционални формулации, и која дозволи вметнување на билатерални прашања во европскиот процес, да зборува за европска стратегија и достоинство. Ако денес сме заглавени во процесот, тоа е поради штетниот и непреговаран договор од 2022 година, потпишан токму од СДСМ, без внатрешен консензус и спротивно на јавното мислење. Уставните измени не се закачени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од недовербата на народот во процесот што СДСМ го водеше – без транспарентност, без одговори и со тајни додатоци, се вели во реакцијата од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.