Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

И покрај зголемените царини од САД, Мицкоски очекува убава вест за македонската економија

Премиерот Мицкоски уште денеска очекува убави вести за македонските граѓани околу наметнатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски уште денеска очекува убави вести за македонските граѓани околу наметнатите царини од САД. Македонија интензивно преговара со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на увозните царини од 33% кон нашата земја кои беа најавени пред неколку дена. И додека американските царински служби од петокот веќе почнаа да ги наплаќаат основните царини од 10 отсто, Мицкоски вели дека Владата секојдневно телефонски контактира со тамошното министерство за економија, финансии, Стејт Департментот и кабинетот на Трамп. Интензивно преговара и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Претходно Мицкоски во интервју за ТВ Алфа изјави дека воведените царини од 33% на производите кои од Македонија се извезуваат во САД биле очекувани, бидејќи тоа било најавено уште при инаугурацијата на Доналд Трамп. Премиерот објасни дека владата ќе продолжи со преговори за можноста за потпишување на Договор за слободна трговија со САД, што би го зајакнало стратешкото партнерство помеѓу двете земји. Експертите, пак, коментираа дека одлуката на САД  е покрената од економски, а не политички причини и се базирани единствено на трговската размена, односнио на дефицитот кој САД го имаат со нас. Директните последици врз државава ќе бидат мали, но индиректните , поради нашата изложеност на европската екононмија не се за занемарување.

Инаку што се однесува на европскиот одговор на царините на САД, земјите членки ќе с еобидат да презентираат заеднички унифициран став. Засега Франција и Германија бараат остри контрамерки за увоз од САД во вредност од 25,5 милијарди евра, со што ЕУ ќе им се придружи на Кина и Канада во наметнување контратарифи против САД. Од друга страна Италија и Шпанија ги повикуваат европските влади да избегнат конфликт со САД. Европскиот блок се соочува со увозни царини од 25 отсто за челик, алуминиум и автомобили, како и „реципрочни“ царини од 20 отсто за речиси сите други стоки од среда.