Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, за разлика од тендерите на СДС, не е во 4 очи

Политиката на СДС се сведува само на евтин популизам. По нивната аналогија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиката на СДС се сведува само на евтин популизам. По нивната аналогија од која на секој нормален му се гади, би требало да ги повикаме целиот имот на Заев во Дубаи стекнат со криминал да се поклони за донации за Кочани, и целата украдена и криминално стекната хациенда на Венко Филипче сместена на Водно исто така да биде поклонета за цели за Кочани, одговори Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање.

„Ваква политика на ниски страсти и некрофилија треба да престане под итно.

СДС пред да излезат на прес-конференција треба да знаат дека со нивните прес-конференции одат против себе, затоа што ист таков тендер, со иста таква сума одобриле и распишале тие додека биле на власт, и дека впрочем тоа е тендер предвиден со планот на јавни набавки.

Реклама

Суштината тука е што има спорно во постапката и кој дел од постапката не е испочитувана? Се работи за комплетно законска постапка која ги опфаќа сите законски аспекти. Нема договарања во 4 очи, и нема провизии како во минатото кога тоа беше омилена практика на СДС и ДУИ“, додаде Петрушевски.

„И затоа сега СДС свесно прави забуна и вулгаризира, иако ова е истиот тендер кои тие го спроведувале редовно но очигледно тоа го правеле за да задоволат свои интереси, а не за да ја видат реалната слика за нивните политики, не се тоа анкети за мерење рејтинг, туку истражувања на јавното мислење за политики и проверка на проекти и реформи дали народот ги прифаќа или не.

Спротивно на СДС Владата на ВМРО-ДПМНЕ го слуша народот и го прифаќа секое она коешто ќе дојде како порака и го анализира дали проектите се поддржуваат или потребни се промени. Само така може да се спроведуваат конзистентни политики базирани на интересот на јавноста наспроти политиките на СДС кои беа за интересот на малкумина од СДС и ДУИ“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Да не се заборави дека СДС се мајсторите за криминални тендери во 4 очи. Е тоа време заврши. Очигледно СДС не се менува, додаде Петрушевски.