Реклама
Македонија

Мисајловски оствари средба со висока делегација од НАТО Алијансата

Денеска остварив средба со висока делегација од НАТО Алијансата, предводена од генералот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска остварив средба со висока делегација од НАТО Алијансата, предводена од генералот и заменик-директор за одбранбено планирање, Фредерик Готије, и Стјуарт Ендрјус, висок политички експерт и известител за Македонија. Делегацијата од вчера, заедно со тим експерти од Министерството за одбрана, учествува на годишните билатерални одбранбени разговори со Алијансата, информираше министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Разговаравме за процесите на спроведување на одбранбените реформи, плановите за развој на одбранбените способности, досегашните искуства на Алијансата, како и за препораките од НАТО-тимот за исполнување на целите на Алијансата во поглед на способности. На средбата уште еднаш ја потврдивме заложбата на Министерството за одбрана за континуирани реформи и развој на одбранбените способности во служба на националната и колективната одбрана, истакна Мисајловски.