Реклама
Македонија

Исплатени по 150.000 денари на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани

Црвениот крст денеска ја реализираше исплатата на средствата за семејствата на загинатите…

Сподели:

Црвениот крст денеска ја реализираше исплатата на средствата за семејствата на загинатите и повредените лица во трагичниот пожар во Кочани, како и за оние кои се лекуваат во странство.

„Вкупно се опфатени 58 семејства на починатите, вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, како и 91 семејство на повредените лица кои се хоспитализирани во странство, информираат од Црвениот крст.

За секоја од жртвите и повредените е исплатена сума од 150.000 денари.

Реклама

За две семејства од починатите и 24 семејства на повредените лица кои се лекуваат во странство, сè уште се чекаат дополнителни податоци за да се реализира исплатата и за нив. Во моментов се собираат податоци за повредените кои се лекуваат во државата,“ додадоа од Црвениот крст.

Заклучно со денешниот ден, собрани се вкупно 61.852.758,00 денари.