Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Николоски: Лиценците на 479 фирми од секторот за градежништво и урбанизам се поништени – со новите законски измени, контролите ќе бидат задолжителни на секои 6 месеци

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека од досегашните контроли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во градежниот сектор и урбанистичкото планирање, кај 479 лиценци било констатирано неправилно работење, поради што на овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците.

„Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така, сакаме да најавиме дека ќе започнеме со законски измени според кои контролите ќе бидат задолжителни на секои шест месеци, а не како досега, на доброволна основа. За следните контроли, жалбата нема да го одложи извршувањето на мерките – суспензијата ќе биде веднаш извршена. Целта не е да се казнуваат компаниите, туку оние кои доброволно ги прифатиле условите предвидени со законот да ги исполнуваат постојано. Причината за оваа промена е што компаниите во моментот на поднесување на барањето ги исполнуваат условите, но потоа престануваат да ги исполнуваат. За да нема недоразбирања, контролните инспекции ќе се фокусираат на лиценците во делот на бројот на вработени, квалитетот на изведувањето и навременото извршување на обврските, додека за квалитетот на градбите постојат соодветни надзори“, рече вицепремиерот Николоски.