Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70 до 80% од објектите воочени огромни неправилности

Кај 70-80 отсто од угостителските објекти имало огромни неправилности. Владата крои акциски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај 70-80 отсто од угостителските објекти имало огромни неправилности. Владата крои акциски план за да прогласи мораториум за да се отстранат сите тие неправилности за оние кои сакаат да продолжат со дејноста со која што функционирале. Премиерот вели дека се работи за пракса која постоела со години наназад.

Училиштата, градинките, спортските сали, домовите на културата, јавните установи низ државава се безбедни. Досега биле исконтролирани 90% од нив, а надзорите се уште траат – информираше претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Орце Ѓоргиевски. Општинските инспектори во соработка со државните инспектори се на терен и ги „чешлаат“ кафулињата, рестораните.  Кај оние кадешто биле воочени неправилности, биле дадени опомени да ги отстранат во период од еден месец. Најголем дел од прекршителите биле угостителските објекти со проширени тераси. Следни на ред се и станбените згради, кадешто најголем проблем е тоа што немаат хидранти, црева, олеснет пристап до алтернативен излез и друго.

Не е тајна дека општините кубурат со инспекциски кадри. Поради обемните контроли, тие меѓусебе си ги позајмуваат инспекторите. Има општини кадешто нема градежни инспектори, а ретко која општина има и инспектори за домување. Проценките се дека во цела држава има недостаток од 40-тина градежни инспектори. Ѓоргиевски вели дека ќе направи притисок до Министерството за финансии овие вработувања да се реализираат.

Реклама

На критиките дека локалните власти не ги контролирале објектите пред да се случи трагедијата во Кочани, Ѓоргиевски вели дека тоа не е точно. Редовно се проверувале училиштата и градинките. Инаку, и покрај тоа што истекоа 7-те дена на жалост, во ЗЕЛС донеле заклучок до сите градоначалници да ги откажат јавните забавни настани кои биле планирани од страна на локалните самоуправи. Еден од предлозите е во чест на младите лица кои ги изгубија своите животи, да бидат засадени дрвја низ државата и на тој начин да се оддаде почит кон нив.