
„Додека целата држава жали, тие се служат со подмолни политички маневри. Наместо да покажат државнички дух, СДСМ одбраа да поставуваат прашања за кои и самите знаат дека се дел од активна истрага, предводена од институции што работат со целиот капацитет и со голема свесност за интересот на јавноста и општеството за брзи, но праведни резултати. Сепак, ценеејќи ја јавноста и настојувајќи да го оттргнеме и најмалиот сомнеж, јасно истакнуваме дека Владата и органите за истрага од првиот момент реагираа – веќе има многу приведени лица, а истрагата продолжува со несмален интензитет“, рече Петрушевски.
Тој нагласи дека СДСМ, кои зборуваат за селективна правда, се токму симбол на таа селективност.
„Не можат да го извадат народот на улица со лаги, затоа што народот добро памети. И токму затоа сега сакаат да го претворат гневот во политичка стратегија, да го насочат револтот кон Владата, надевајќи се дека повторно ќе се вратат на власт преку улица – а не преку избори. Апелираме до јавноста дека ова не е битка помеѓу партии, туку битка за правда и институциите ќе ја истераат до крај. Ќе има одговорност – и индивидуална и институционална. Но, нема да има дозвола за манипулација, злоупотреба на жртвите, и за ново сценарио за дестабилизација во момент кога државата се обидува да застане на нозе“, рече Петрушевски.
