Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Манев за убиството на Панче: Како што беше легнат Палчо му испука куршум!

Вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, беше среда, дома кај мене…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, беше среда, дома кај мене дојдоа Видески, а потоа со „кангoто“ и Палчо и Кешишев, раскажа обвинетиот Велибор Манев на прашања на судијата Ивица Стефановски, на денешното рочиште за убиствата на велешкиот пензионер и Вања Ѓорчевска во Кривичниот суд во Скопје.

-Бевме да купиме дизел и бензин со моето возило со Кешишев. Наточивме на Макпетрол на влезот во Велес во големи балони од по десет литри. Го ставивме кај мене во гаража. Следниот ден ги ставивме во Кангoто и отидовме сите четворица пред куќата на Панче. Од мојата до куќата на Панче има околу 600 метри. Првата вечер само гледавме и се вративме пешки до кај мене дома.

Следното утро пак се собрале

Реклама

Истата екипа се собрале следното утро со себе имале и Мотороли

-Јас, Боре и Палчо имавме радио станици. Тројцата тргнавме пешки кон куќата на Панче, Кешишев со Кангото на паркингот кај пругата. Беше пред зора. Не видов дека некој носи пиштол во тој момент. Чекавме до кај 7:20 часот. Тогаш Палчо рече дека од чекање нема фајде и му рече на Боре да чукне на врата кај Панче. Откако го грабнавме го ставивме во неговата кола. Церадата која ја носевме требаше да биде спуштена во дупката. Заминавме кон местото. Цитроенот го возев јас. Кога стигнавме, го однесовме Панче до отворот за да го спуштиме. Како што беше легнат Палчо му испука куршум. Да видов немаше да бидам тука. Од шокот дишев длабоко да не експлодирам а Палевски го турна во дупката. Дупката ја наполнивме со земја ден потоа, пред грабнувањето на наводната жена. Мобилниот од Панче го фрли во долот каде што растат капини. На враќање јас го возев неговиот Цитроен кон Скопје. Го оставивме кај пругата во близина на Кванташки, раскажа Манев.