
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција по состанокот со Кризниот штаб, информираше дека во моментов се лекуваат 162 лица од пожарот во Кочани.
Тој истакна дека добрата вест е што денеска се испишуваат 10 пациенти.
„Вчера имавме три пациенти кои ги испишавме. Моментално во Клинички центар има 25 пациенти, во болницата „8 Септември“ 12, во Градска општа болница 11 и во Штип еден пациент. Исписи имаат еден пациент од Штип, еден од Детска хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во болниците Систина и Жан Митрев се лекуваат 10 пациенти, од кои 5 денеска се испишуваат“, изјави Таравари.
