Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Здравство

Хоспитализирани 162 лица: Таравари ги соопшти состојбите на повредените во пожарот во Кочани

По завршувањето на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство, Арбен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По завршувањето на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство, Арбен Таравари, ги информираше медиумите дека моментално 162 лица се хоспитализирани. Од нив, 10 пациенти кои се на лекување во државата денес ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување.

Во Клиничкиот центар се хоспитализирани 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има 12 пациенти, во Стара градска болница се 11, а во Клиничка болница Штип е 1 пациент. Во приватните болници се хоспитализирани 9 пациенти.

На лекување надвор од државата се 115 пациенти. Во Србија се 30 пациенти, од кои двајца се екстубирани, во Бугарија се 15 пациенти, тројца се екстубирани и сите се стабилни, додека некои се покритични. Во Грција се хоспитализирани 12 пациенти, двајца се критични, во Турција 6 пациенти се екстубирани. Во Шпанија има 7 пациенти, во Австрија 5, од кои двајца се префрлени на оддел. Во Унгарија се хоспитализирани 6 пациенти, еден има фебрилни симптоми, а другиот кашлица, додека останатите се во стабилна состојба. Во Хрватска има 5 пациенти, од кои еден е интубиран и стабилен, а останатите се во добра состојба. Во Словенија има 4 пациенти, од кои тројца се во посериозна состојба, а во Литванија има 4 пациенти, од кои еден е веќе екстубиран. Во Белгија се хоспитализирани 4 пациенти кои се стабилни, а во Италија 4 пациенти кои се на нозе и може да се враќаат во наредните недели. Во Шведска има 4 пациенти, од кои двајца се во стабилна состојба, а во Полска се двајца пациенти, од кои еден е интубиран.

Реклама

Министерот информираше дека упатувањата на повредените пациенти во странство се завршени.

„Од овој состанок, веќе имаме најави за враќање на пациенти од одредени држави. Подготвуваме протоколи за нивно враќање и прегледување по пристигнувањето. Пациентите кои се во добра состојба ќе бидат пуштени дома. Следниот предизвик ќе бидат инфекциите, и ќе бидеме максимално внимателни за да превенираме било какви компликации“, рече министерот Таравари.