Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани

На мирен собир, во рамки на академски час, учениците и вработените во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На мирен собир, во рамки на академски час, учениците и вработените во Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ Делчево им оддадоа почит на загинатите во несреќата во дискотеката во Кочани.

Ученичката Сара Ангелова пред присутните ученици истакна дека не е време да се биде генерал, туку е потсетник дека никој не знае што ќе се случи утре.

„Денешниот академски час за покажување сочувствителни и тажни чувства го започнуваме со порака дека не е време да бидеме генерали. Нема да должам освен да кажам дека сум свесна дека нашите мисли се испреплавени со разни чувства на тага, болга, гнев… Вечерта на несреќата додека многумина ги пееле песните на својот омилен бенд, за само миг се претвориле во лелеци на последни зборови. Ова е потсетник дека не знаеме што ќе се случи утре, не знаеме која ќе биде нашата приказна, а ова не сигурно не беше приказна, ова беше трагедија“, истакна Ангелова.

Реклама

Таа додаде дека ова е трагедија во која се изгасија недогорени свеќи, животни ѕвезди, соништа, академци, родители, млади луѓе, деца, но пред се луѓе.

Пред присутните неколку ученички прочитаа пораки за сочувство, а потоа беше оддадено и едноминутно молчење во чест на сите прерано згаснати животи.

За денес е закажана и седница на Советот на Општина Делчево со единствена точка на дневен ред посветена на загинатите во трагичниот настан во Кочани.