Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Таравари: Позитивната вест е што изминаа 72 часа и нема ниту еден починат од оние кои ја преживеаја трагедијата во Кочани

Министерот за здравство, Арбен Таравари, извести дека денес ќе биде извршен последниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Арбен Таравари, извести дека денес ќе биде извршен последниот транспорт на пациенти кои ќе продолжат со лекување во странство по трагедијата во Кочани. Тој наведе дека во 11:30 часот двајца пациенти ќе бидат испратени за Шведска, а попладне уште тројца.

„Последниот транспорт е денес, и нема да има повеќе пациенти кои ќе бидат испратени на лекување надвор од државата. Денес само за Шведска, а тоа е и крајот на оваа постапка. Нема повеќе потреба за испраќање пациенти во странство“, изјави Таравари на денешната прес-конференција.

Тој исто така соопшти дека добрата вест е што поминаа 72 часа без ниту еден починат од оние кои ја преживеаја трагедијата. Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба.

Реклама

„Добрата вест е што изминаа 72 часа и нема ниту еден починат од преживеаните. Вкупно, се третираат 178 пациенти во различни здравствени установи, од кои 64 се во државни болници во Македонија, а 13 во приватни. Сите се во стабилна состојба“, рече министерот.

Таравари додаде дека во моментов 101 пациент се лекува во странство, и дека и тие се во стабилна состојба.