Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ердоган испрати писма со сочувство до Сиљановска Давкова и Мицкоски

Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожарот што се случи во градот Кочани, Македонија. Изразувам сочувство до Вашата државничка висост и сите граѓани на братска и пријателска Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека ранетите им посакувам брзо заздравување, се вели во писмото од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, упатил писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Од Амбасадата на Турција во Република Македонија соопштија дека писмо со сочувство испратил и министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, упатено до министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски.

Реклама

– Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожарот што се случи во градот Кочани, Македонија. Изразувам сочувство до Вашата државничка висост и сите граѓани на братска и пријателска Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека ранетите им посакувам брзо заздравување, се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.

Турскиот амбасадор Улусој вчера се потпишал во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани. Амбасадорот потоа остварил средба и со државниот секретар на наведеното Министерство, Елена Кузманоска, при што изразил сочуство, како и желби за побрзо закрепнување на повредените лица.

– Турција , како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Македонија, се наведува во соопштението од Амбасадата.

Во Амбасадата на Република Турција, турското знаме е спуштено на пола копје.