Реклама
Македонија

Денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина

Во земјата и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во земјата и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а приспособена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица, а над 150 се повредени и хоспитализирани, денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, а вчера и Црна Гора. Српската влада, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, го прогласи 18 март за ден на жалост.