Реклама
Македонија

Мицкоски: Не е точно дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ – дајте ми доказ и утре ќе поднесам оставка!

„Отфрламе каква било поврзаност на агенциите за обезбедување со ВМРО-ДПМНЕ. Дајте ми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Отфрламе каква било поврзаност на агенциите за обезбедување со ВМРО-ДПМНЕ. Дајте ми еден доказ и утре ќе поднесам оставка!“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави и итна измена на постојните закони, кои дозволуваат ваква ситуација, каде што сопствениците на локалите преку нотарска изјава, а не институциите, утврдуваат дали се исполнети условите за нивното работење.