Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ВИДЕО: Осомничените се спроведуваат во судот во Кочани

Петмина осомничени од утрово се спроведоа во судот во Кочани пред судија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петмина осомничени од утрово се спроведоа во судот во Кочани пред судија на претходна постапка. Еден од сопствениците на Агенцијата која го обезбедувала објектот, како и вработените. Еден од нив одговори на новинарското прашање „Дали се чуствуваат за виновни?“.

„Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме повеќе од 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да ги извадам сите деца, да ги спасувам како мои. Имам две малолетни деца“, рече еден од осомничените.

Претходно на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека се осомничени 23 лица.

Реклама

„Во моментов се осомничени 23 лица, 11 се во притвор и нема да застанеме тука како што ми стои работава. Во текот на денешниот ден, нема да застанеме со процесни дејствија, односно констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во делот на постапување огромен број на институции кои согласно закон требало да ги следат ставање на функција на дискотеката, особено во делот на заштита при евентуален пожар, поради што и во текот на денешниот ден ќе има доста голем број на лица кои ќе бидат приведени и од МВР, и од други институции. Но сега не би сакал да откривам детали“, изјави Тошковски.