Реклама
Македонија

ВМРО ДПМНЕ СО РЕАКЦИЈА: „Судскиот совет не е лична сопственост на кадрите на Заев и Груби, разрешените членови треба да заминат“

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да…

Сподели:

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат оваа институција, што е спротивно на волјата на Собранието и јавноста. Ова не е само правен проблем – ова е директен конфликт помеѓу граѓаните кои бараат правда и мала група поранешни функционери кои се обидуваат да го задржат своето влијание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Недовербата која Собранието ја изгласа мора да се почитува. Судскиот совет не смее да стане приватен клуб за заштита на оние кои ја уништија правдата и институциите во Македонија. Нема да дозволиме правниот систем да биде блокиран поради политички манипулации. Разрешените членови мора веднаш да се повлечат и да ја почитуваат одлуката на највисокото законодавно тело во државата. Владеењето на правото мора да биде основна водечка сила во општеството! Практиката на партиско контролирање на судството од страна на поранешната власт мора да престане, а судските институции конечно да започнат да работат во интерес на граѓаните,“ се вели во партиското соопштение.

„Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат во согласност со Уставот и законите! Судскиот совет мора да биде независен, кредибилен и ослободен од политички влијанија. Овој момент е време да покажеме дека правдата е можлива и дека институциите ќе работат за доброто на народот. ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на реформите во правниот систем и на обезбедување вистинска правда за сите граѓани“.