Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Синдикални превирања: Митревски и Tрендафилов се спорат за легитимноста на претседателската позиција

Живко Митревски останува на ставот дека тој е легитимен претседател на Сојузот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живко Митревски останува на ставот дека тој е легитимен претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Вели дека има судски пресуди кои покажувале дека неговото отказно решение било донесено спротивно на закон и со тоа Слободан Трендафилов не е легитимен прв синдикалец. Според Митревски , Трендафилов треба да се повлече од функцијата заради ваквите пресуди, па тој сега ја повикува Владата да интервенира.

Слободан Трендафилов беше избран на конгрес во јуни 2023 кога беше единствен пријавен кандидат. Тој вели дека изборот е направен согласно актите на ССМ, а Живко Митревски е сменат од позицијата во 2017 од членови на советот и делегати на конгресот кои докажале дека тој не бил достоен да ја врши функцијата. Тогаш бил  одбран и друг претседател, а веродостојноста на процесите е дожана и пред судот.

Ваквите синдикални превирања се случуваат во момент кога работниците чекаат да го слушнат износот на минималецот кој што треба да се исплаќа од април. Митревски вели дека Трендафилов се согласил на лошата медотологија според која сега се пресметува минималецот, а според него требало да има друг модел на пресметка. Трендафилов возврати дека Митревски е оној кој воошто не се борел за работничките права

Реклама

Инаку Владата ја утврди комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатот. Од ССМ апелираат што поскоро да заседава истата за да може да продолжи дијалогот помеѓу социјалните партнери во рамки на економско социјалниот совет.