Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската федерација на Македонија

Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) како нов официјален спонзор.

Соработката меѓу Новоматик Македонија, во чија групација се светските брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, и ФФМ беше објавена на настан на кој што присуствуваше генералниот директор на компанијата, Александар Симовиќ, менаџментот на компаниите во рамки на Новоматик Македонија групацијата, како и највисокото раководство на Федерацијата., предводено од претседателот Масар Омерагиќ. 

Станува збор за двегодишен спонзорски договор со кој Новоматик Македонија го зацврстува своето долгогодишно залагање за поддршка на македонскиот спорт.

Реклама

Фудбалската федерација на Македонија никогаш досега во својата историја немала ваков обем на финансика поддршка од спонзори и треба да бидеме горди што во нецели два месеци успеавме да привлечеме сериозни компании да бидат значајна поддршка за македонскиот фудбал.

Со поддршката ќе можеме да инвестираме во развојот на нашиот фудбал, подобрување на инфраструктурата, унапредување на младинските категории и организирање на уште поквалитетни натпреварувања.

Оваа соработка не е само спонзорство. Тоа е спој на заеднички амбиции и взаемна желба да се постигне нов резултат за македонски спортски успеси“, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. 

Нашата посветеност кон спортот, заедницата и младите е од суштинско значење за Новоматик Македонија. Вложувањето во спортски проекти не е само дел од нашата стратегија за корпоративна одговорност, туку и искрена желба да придонесеме за развојот на македонскиот фудбал. Уверени сме дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и ќе ги мотивира сегашните и идните генерации фудбалери,“ изјави Марија Митевска, претставник на Новоматик Македонија.

Ова партнерство со ФФМ е уште еден значаен чекор напред во мисијата на Новоматик Македонија за поддршка и унапредување на македонскиот спорт.

Покрај овој договор, компанијата веќе долг период инвестира во македонскиот спорт, поддржувајќи фудбалски, кошаркарски и ракометни клубови, како и индивидуални спортисти. Истовремено, Новоматик Македонија активно донира во јавното здравство, образованието и културните иницијативи, со што ја зацврстува својата улога како општествено одговорен партнер.